Продажба на градежна парцела спроти паркот Шопен во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ја стави на продажба градежната парцела спроти паркот Шопен, во близина на објектот на општината.

- По пат на електронско јавно наддавање ќе се одлучи кој ќе ја има најповолната понуда за изградба на објект со намена домување во станбена зграда (А2), со компатибилна намена Б, односно деловни и комерцијални намени. Површината на градежната парцела изнесува 1.079 метри квадратни, на која може да се изгради објект кој во основа ќе биде 706 метри квадратни, ќе има бруто развиена површина од 4.945 метри квадратни и максимална висина од 21 метар, се наведува во соопштението од општина Кисела Вода.

Почетната цена на јавното наддавање за градежните парцели е 4.300 денари за метар квадратен. Ќе се врши чекорно наддавање со зголемување на вредноста на секој чекор не помалку од 430 денари.

Вкупниот депозит за учество на наддавањето изнесува 700.000 денари, а банкарската гаранција е со износ од 20.000 евра.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица државјани на Република Македонија и на членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија. Право на учество имаат и домашни правни лица, односно правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

Со банкарската гаранција во износ од 20.000 евра, во денарска противвредност за сериозност на понудата, заинтересираните физички и правни лица ќе гарантираат дека ќе ја уплатат крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање. Гаранцијата ќе има рок на важност до 4-ти мај годинава.

- Пријавите за учество на јавното наддавање за ГП 5.1 можат да се достават до 23.03.2015 година на интернет адресатаwww.gradeznozemjiste.mk. Јавното наддавање, ќе се оддржи електронски на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk. Ќе започне на 27.03.2015 година, во 10:00 часот и ќе трае 15 минути, информираат од општина Кисела Вода.

Објавата за продажба на земјиштето и сите дополнителни информации се објавени во весниците Дневник, Вест и Вечер, како и на интернет страната на општина Кисела Вода, www.kiselavoda.gov.mk.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега