Студенти навалете - конкурс за стипендии во Словенија

Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека е во тек конкурс за доделување две стипендии за едносеместрално изучување на словенечкиот јазик и 18 стипендии за три до шестмесечно студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, за академската 2015/2016 година. 

Подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и обрасци за аплицирање, може да се најдат на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука www.stipendii.mon.gov.mk.

Апликациите во писмена форма се доставуваат до Министерството за образование и наука - ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје.

Краен рок за аплицирање е 28 февруари 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега