Науновски: СДСМ сака да ја дестабилизира земјата, но нема капацитет за тоа

СДСМ со незаконски добиени материјали сака да ја дестабилизира земјата, но нема капацитет за тоа, вели професорот Тони Науновски кој во денешниот „Кворум“ на РСМ ги анализираше снимките кои ги објави Зоран Заев од наводно прислушувани разговори.

- Очигледно дека планот на социјалдемократите бил дестабилизација, но видовме само евтини приказни зa мали деца. Нереално е ако мислат дека ќе имаат влијание со вакви материјали за креирање на нова политичка свест кај граѓаните, вели Науновски.

Тој смета дека се она што го прави опозицискиот лидер е во корелација со странски центри на моќ со цел да се создаде хаос во државата. Но доколку сега има избори, Науновски е уверен дека СДСМ повторно ќе доживее пораз.

- Прашање е дали ќе освојат десетина пратеници. Ова се одрази на нивниот рејтинг. Сите реагираат негативно на нивниот обид нелегално да ја земат власта, дециден е Науновски.

Целото гостување на професорот Тони Науновски на Радио Слободна Македонија погледнете го во продолжение.

 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега