Никола Костов-нов генерален директор на МЖ Транспорт

Нов генерален директор на МЖ Транспорт АД – Скопје и претседател на Управниот одбор од 13 февруари годинава е дипломираниот правник Никола Костов, пренесува МИА.

Од 1978 до 1990 година Костов е вработен во „Фершпед“, како директор на правниот сектор, а од 1990 година работи во приватна фирма. Костов како правник е член на Правниот совет на ФИАТА (Светска шпедитерска асоцијација), а автор е и на два научни труда посветени на меѓународното транспортно право.

Костов во меѓувреме извршуваше и повеќе општествени функции, а од нив за одбележување е неговиот ангажман како генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега