Знамињата на ЕУ на половина копје во Брисел

 

Знамињата на Европската унија пред европските институции во Брисел, денеска се на половина копје во знак на солидарност со земјата-членка на Унијата, Данска и почит на семејствата на жртвите во завчерашниот терористички напад во Копенхаген.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, вечерва пред Културниот центар во Копенхаген, еврокомесарката за конкуренција, Маргрет Вестагер ќе присуствува на меморијалниот настан во чест на двете жртви на нападот чија цел беше дански карикатурист што претходно го цртал исламскиот пророк Мухамед.

- Европската унија силно го осудува овој терористички напад и застануваме цврсто во одбрана на медиумските слободи и слободата на изразувањето, посочи портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.

Во исто време, Схинас потврди и дека во четврток, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, ќе го прими албанскиот премиер Еди Рама, на состанок на кој главна тема ќе бидат евроинтеграциите на Албанија и реформите во оваа земја. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега