Изградени тротоари на булевари и улици во Кавадарци

Изградени  се тротоари на неколку булевари и улици во последните неколку дена во Кавадарци, кога заради топлото време, се продолжи со комуналната изградба во градот, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

- Станува збор за тротоари на булеварите  “Никола Минчев” и “Моша Пијаде”, како и на улиците “Ресавска”, “Диме Туриманџов” и “Киро Крстев”.  Изведуваме работи од комуналната инфраструктура  и во селото Сопот, а се работи на  поплочување и прередување на гранитни коцки и потпорни ѕидови и на помали улици, соопшти  Панов.

За изградба на тротоарите се издвоени 5 милиони денари од буџетот на општина Кавадарци. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега