Климовски: Граѓаните се под страшен притисок кој се шири од центар на параноја

Професорот Александар Климовски на гостувањето во Канал 5 подвлече дека изминатиот период е јасно дека граѓаните се ставени пред страшен психолошки притиок, кој се шири од еден центар на параноја, кој што настојува да прикаже нешто што и не е така вистинито.

-Случајот „Пуч“ е составен од две компоненти: правна и политичка компонента. Правната компонента бара своја правна разрешница и тука треба да оставиме Јавното обвинителство, пред се, да ја одигра својата улога . Хронолошки гледано овие настани наликуваат на настаните од 2001 година кога на сличен начин политичките зомби и сеништа настојуваа да предизвикаат тензии, подвлече професорот Климовски и додаде дека овој случај бара итна судска разрешница.

Македонија го надмина „детството“ во политиката, а политичката борба се води со политичка програма и со политичко дејствување, смета Климовски.

-Македонија сега се наоѓа во еден развоен и инвестиционен циклус и индикативно е зошто токму сега е одбран моментот на ваков начин да се делува политички. Според мене, се настoјува да се примени сценариото од 2001 година, раздебитување на македонската држава и затоа велам дека по итно треба да се стави во обвинителска и да заврши во судска процедура, заклучи Климовски.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега