Казна за возачите кои пушат додека возат дете
Парична казна од 50 фунти за англиските возачи кои си дозволуваат да пушат во автомобил во присуство на лице на возраст под 18 години. Забраната донесена со закон во Долниот дом, со 342 гласови за на пратениците и 74 против, влегува во сила од 1 октомври.
Според податоците на „Британскиот белодробен фонд" повеќе од 430.000 деца на Островот се подложени на влијанието на тутунскиот чад. Според научниците чадот од цигарата останува во воздухот до два и пол часа по нејзиното изгаснување, дури и во соба со отворен прозорец.
Повеќето Англичани ја одобруваат забраната, но секако има и такви кои се спротиставуваат, кои сметаат дека ограничувањето на правата на пушачите е непотребно и не носи корист никому. Нејасно е како полицијата ќе го следи почитувањето на законот.
Пушењето во автомобили, во кои се возат деца, веќе е забрането во голем број држави, вклучувајќи Калифорнија, некои делови на Канада и Австралија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа