15 совети за успех кои немаат рок на траење
Успешните луѓе знаеле нешто што ние не го знаеме...или едноставно го правеле подобро она што останате го правеле просечно.
Дали постои тајна за успехот, или тоа е само чиста среќа, уверете се од советите кои ги даваат најуспешните луѓе во светот.
Мари Кеј Аш, американски бизнисмен
Просечната идеја која предизвикува ентузијазам, ќе оди подалеку од одлична идеја која не инспирира никого.
Аристотел Оназис, грчки бродосопственик
Тајната на бизнисот е да знаете нешто што никој друг не го знае.
Никола Тесла, српски физичар
Млад човек не треба да жали што нема милиони за да развие некоја идеја. Размислувањето не чини милиони, а со размислување се создава идеја.
Мери Ритер Беард, американска историчарка
Реткост е да се сретне бизнисмен кој е песимист.
Вилијам Шекспир, англиски писател
Мудро и полека. Тие кои што трчаат брзо, ќе се сопнат.
Џејмс Џојс, ирски писател
Грешките се врати на откритијата.
Томас Едисон, американски физичар
За да имате голема идеја, мора да имате многу идеи.
Ворен Бафет, американски бизнисмен
Во бизнисот важат две правила до кои треба да се држите. Правило број 1: Никогаш немој да губиш пари. Правило број 2: Никогаш не го заборавај правилото број 1.
Волт Дизни, американски бизнисмен и режисер
Најдобар начин нешто да започнете, е да престанете да зборувате и да почнете да работите.
Марлин Дитрих, германска актерка и пејачка
Самодисциплината е најважна од сите дисциплини.
Индира Ганди, индиска политичарка
Мојот дедо еднаш ми кажа дека постојат два типа на луѓе: Оние кои ја работат работата, и оние кои го собираат кредитот. Ми даде совет да се обидам да бидам во првата група, бидејќи таму конкуренцијата е помала.
Доналд Трамп, американски бизнисмен
Кога е тоа можно, договорете се. Договорот ни заштедува време на сите.
Опра Винфри, американска водителка
Големата животна тајна е дека нема големи тајни. Што и да е твојата цел, ќе ја постигнеш, доколку си подготвен да работиш.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа