Кумановско: Заврши рокот за пријавување штети од поплавите
Заврши рокот за поднесување на барања за утврдување на штетите од последните поплави што го зафатија кумановско.Како што соопшти претседателот на општинската комисија за проценка на штетите,Цоки Ристовски, поднесени се 54 барања.
- Утре на терен ќе излезат две комисии кои ќе ги посетат подносителите на барањата во селата Јачинце, Клечовце, Довезнце и Бељаковце, рече Ристовски.
По проценката на фактичката состојба на терен помеѓу оштетените, Kомисијата ќе достави извештај до Советот на општина Куманово и доколку биде усовен ќе биде поднесен до Владата. Комисијата за проценка на штетите донесува одлука за висината на обештетувањето по конкретно барање.
Оцени ја веста
16.02.2015 - 12:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа