Титаник не потонал- еве што се случило со него
„Оние кои преживеале, изјавиле каде се движеле по палубата, но на тоа место, според скиците на бродот, требало да бидат кабините. Врз основа на тоа заклучуваме дека ништо не се случувало на Титаник“, изјавил оксфордскиот писател Робин Гардинер.
64-годишниот Робин Гардинер е оксфордски писател кој објавил книга во која тврди дека на дното на Атлантикот не лежи Титаник.
Она што сите го знаеме е дека Титаник пред 100 години бил најголемиот брод на светот за кој сите мислеле дека не може да потоне. Меѓутоа, на 15 април 1912 година се случило спротивното кога удрил во санта мраз и потонал. Тогаш, животот го изгубиле 1.517 луѓе, но не било се` онака како што сите претпоставувале.
Гардинер објаснил дека неговата книга говори за теорија на заговор, а дека тоа го поткрепил со докази во вид на документи и фотографии. Исто така, тој истакнува дека се` се совпаѓа со изјавите на преживеаните патници.
„Оние кои ја преживеале несреќата, изјавиле каде се движеле по палубата, но на тоа место, според скиците на бродот, требало да бидат кабините. Врз основа на тоа заклучуваме дека ништо не се случувало на Титаник“, вели Робин.
Сите детали на бродот откриле дека патниците всушност патувале со друг брод, и тоа со Олимпик. Писателот истакнува дека тоа било исклучиво поради економски проблеми.
Стаува збор за инвеститорот Ј.П. Морган, челник на компанијата „White Star Line” кој имал големи финансиски проблеми, а подоцна врз него бил вршен притисок да ги финансира поправките на Олимпик, кој бил оштетен во судар со друг брод.
Меѓутоа, осигурителните компании не сакале да ги покријат трошоците за реконструкција на Олимпик. Покрај тоа, Морган сакал во САД да превезе и потпори вредни околу осум милиони фунти, за на тој начин да се спаси од кризата и да започне нов живот.
Планот бил наместо Титаник да исплови Олимпик и да му се случи несреќа, за фирмата „White Star” да добие пари од осигурувањето. Бродовите за спасување биле во доволен број за да ги спасат сите патници и членови на екипажот. Покрај тоа, било испланирано во близина да има и други бродови кои ќе помогнат.
„Многу патници на Титаник опишале дека во моментот додека бродот удирал во сантата мраз, почувствувале треперење. Доколку брод од таа големина се удрел со брзина од 22 јазли во огромна санта мраз, се` би се тресело и сите кои биле на бродот сигурно би паднале, затоа што силината на ударот би требало да биде многу поголема“, убеден е Робин.
Писателот тврди дека потоа Титаник пловел како Олимпик за да не се открие измамата. Плус, Робин моментално работи на документарец кој, како што е убеден писателот, ќе ја промени историјата.
Сигурно некој од вас се запрашал како е можно некој да ги „помеша“ тие два бродови? Одговорот е едноставен, Олимпик бил брат близнак на Титаник, па наводно, разликите измеѓу нив биле мали.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа