ЕУ стави на црна листа двајца руски заменици - министри

 

Во обновената листа со санкции на Европската унија вклучени се пет руски граѓани, меѓу кои и двајца заменици-министри, 14 жители на Источна Украина и девет правни лица од сепаратистичките Доњецка и Луганска народна република. 

На црната листа е првиот заменик-министер за одбрана на Русија, Аркадиј Бахин и заменик-министерот Анатолиј Антонов. На листата се и генерал-полковник Андреј Картаполов началник на рускиот Генералштаб, пејачот Јосиф Кобзон од Комисијата за култура во Државната дума и Валериј Рашкин, лидер на московската партиска организација на комунистите.

На црната листа се и 14 лидери на украинските сепаратисти, вклучително Арсениј Павлов кој објавува видео-снимки од борбите во Источна Украина.

На црната листа на ЕУ вкупно се наоѓаат 151 граѓани од Русија и од Украина, како и 37 компании.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега