Оваа риба предизвикува посилни халуцинации отколку LSD

 

Најнови истражувања покажаа дека доколку некој ја изеде оваа риба која има специфично име –Salema Porgy, ќе добие халуцинации кои се неколку пати посилни од оние кои ги добиваат луѓето при консумација на психоактивната супстанца LSD.

Таа е преполна со Omega 3 киселини и го создава најголемиот „трип“ кој некој може да го почувствува, пренесуваат странските медиуми.

Овој вид на риба живее во Медитеранот, а нејзиното дејство почнува да делува во рок од неколку минути, а трае до 36 часа.

Во медиумите прв пат се пишуваше за оваа риба во 2006 година, кога две личности во ресторан го нарачале и го изеле овој вид на риба, а после тоа целосно полуделе. Тие добиле многу силни халуцинации и подоцна не се сеќавале баш најјасно на тој период.
Според научниците, ваквиот ефект на рибата настанува поради тоа што таа се храни само со одредени алги од океанот.

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега