Тетовчанец направил хаос на улицата Јане Сандански

 

Околу 21 часот вчера во Тетово, пред угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ од страна на Итна медицинска помош била побарана интервенција на Полиција за утврдување на идентитет на лице, при што на лице место биле испратени полициски службеници. Кога истите пристигнале на местото на настанот имало насобрано поголема група на граѓани, при што била издадена наредба истите да се одалечат, а едно непознато лице одбило да се легитимира, и почнало да ги навредува со погрдни зборови полициските службеници. Лицето е приведено во полициска станица, а станува збор за 23-годишниот тетовчанец О.Ј.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега