Турската полиција го уапси мажот кој само стоеше и гледаше во портретот на Кемал Ататурк
Рано утринава е уапсен човекот кој со часови мирно стоеше на плоштадот Таксим во Истанбул, пркосејќи и на турската полиција.
Се работи за човекот кој повеќе од пет часа гледаше во портретот на Кемал Ататурк, основачот на модерната турска држава, пред полицијата да му пријде и да го уапси, како и многуте други кои му се придружија во мирниот протест.
Многумина од оние кои синоќа му се придружија на Гундуз стоеја со цел да се врати мирот, без определување на чија страна се.
-Стојам против секое насилство. Стојам за настаните чии сведоци сме и настаните кои се случуваат во последите две до три недели, да можат да престанат, рече Корај Конук, еден од уапсените.