Хорор на Бит Пазар: И го пресекле прстот па ја ограбиле
Полицијата притвори двајца скопјани кои со употреба на физичка сила врз граѓани, во Чаир и на Бит Пазар, краделе мобилни телефони и паричници.
Се работи за Д.О. (19 ) и М.А. (19) и двајцата од Скопје кои се стекнале со 39.500 денари. Судија во претходна постапка на двете лица им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, соопшти МВР. Кривичните дела пријавените ги извршил од крајот на минатиот месец до 10 овој месец, во вечерните часови, и тоа две на подрачје на Чаир и едно на Бит Пазар.
Првото кривично дело го извршиле на тој начин што откако ја пресретнале оштетената со физичка сила ја турнале на земја, со рака и ја затвориле устата, со нож ја пресекле на прстот и од раката и го одзеле мобилниот телефон, при што со трчање заминале. Од мобилниот телефон ја извадиле сим картичката и ја фрлиле, а потоа наредниот ден го продале на Бит Пазар на непознато лице, а парите ги потрошиле за свои лични потреби. Другите две кривични дела ги извршиле на тој начин што додека оштетените се движеле по улица, тие од зад грб им се приближувале и со закана со физичка сила и со претрес по облеката одзеле паричник и мобилни телефони.
Во просториите на полициската станица Бит Пазар во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање на лица и предмети при што оштетените со сигурност ги препознале пријавените.
Од полицијата информираат дека Д.О. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што во периодот од 2012 /2104 година од страна на СВР Скопје биле поднесени две кривични пријави.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа