Тони Михајловски: Земјата ни ја напдна внатрешен непријател помогнат од странци - да ја одбраниме
Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржува трибина во Штип.
По оформувањето во Скопје, движењето кое испрати порака дека националните интереси треба секому да му бидат најважни, доби поддршка од граѓани и интелектуалци од повеќе области, низ цела земја.
Актерот Тони Михајловски е еден од основачите. Тој во вестите на Сител посочи дека ова здружение има за цел да го разбие стравот кај македонските граѓани.
-Македонија е нападната од внатрешен непријател помогнат од странските служби. Ова здружение има за цел да го разбие стравот кој се јави кај македонските граѓани. Треба да покажеме дека има кој да застане на браникот на оваа земја. Слична афера имаше во 2001-ва година, а движењето е направено за тоа што тогаш се случи, никогаш да не се повтори. Зборот некогаш е најсилното оружје. Ова е еден вид модерно востание за подигнување на свеста дека секој треба да се стави во одбрана на сопствената земја, рече Михајловски.
Актерот вели дека СДСМ ја пукнаа “бомбата“ во сопствените редови.
-Треба да се ислушаат и разјаснат многу работи. Да се види од кого е прислушкувано, тоа не е јасно. Јасно е дека некој работи за странски служби за продавање на идентитетот и иднината на нашата држава. Вината е кај оној кој се заканува и кој врши преваство, рече Михајловски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа