„Смеете да се смеете“ слоганот на Златна бубамара ветува смеење до солзи

 

Уште само неколку дена не делат до најголемиот музичко забавен настан и собир на сите уметници и луѓе од јавниот живот во нашата земја.

 

На 19 февруари во Универзална сала по 18 пат , повторно на многу забавен и  друштвен начин ќе бидат доделени престижните награди Златна бубамара на кои според својата традиција и популарност го добија епитетот за најзначајна награда во нашата земја и регионот.

 

Слоганот за оваа година е смеете да се смеете .И оваа година интересот за присуство на настанот е огромно , за билет се нудат и неколку пати повеќе пари од редовната цена, кој за жал многу тешко  може да се добие поради мал број на седишта во универзална сала и билети кои се пуштени во продажба.

 

Сценариото како и секогаш се чува во тајност, а за другото останува да уживаме и доживееме на 19.2.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега