Откривање на енигмата на геоглифот кај Свети Николе - Канда македонски - ведски клуч на постанокот

 

Геоглифот кај Свети Николе кој се гледа од небо и личи на буквата М или на тикратна стрелка, со ориентација север-југ на височинка во тркалеста форма со димензии од околу 85на 45 метри, датира од периодот 10,500 години пред новата ера и под него се наоѓа врвна технологиа составена од некогашната развиена цивилизација.

Таа технологија, оставена во срцето на древна Пеонија, со посебната вибрација што ја емитува не поврзува со соѕвездието Плеада и има благопријатно дејство на околината.

Канда како што месното население го нарекува овој локалитет, како и многу други стари називи од топонимијата на Овче Поле (пробата) и од поширокиот регион на некогашната Пеонија, се запишани во „Светото знаење“ дадено во Ведите. Нивното значење ја открива најдлабоката македонска историја поврзана со почетоците на цивилизацијата, како и кодираното значење на зборот Македонија.

Археоакустичните мерења, направени во два наврата минатата година од странски експерти, потврдуваат дека се работи за „вештачка структура“ што се разликува од околната – природна. И на неколку други места во светот се забележани подземни структури што имаат нешто заедничко со локалитетот Канда, но ниту едно не е запишано во Веда и и само Канда на површината го има знакот М што е знак и вибрација за точката на пројавувањето на Господ, кој првично се манифестира во мала јајцевидна форма колку палец што лебди на цвет од божур (лотос) во примордијалното космичко пространство.

 

Повеќе на Дневник.мк

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега