ТАЖНА ВЕСТ: Почина Ристо Соколов-Сокол

 

Се роди на Велигден 1957, замина на Свети Трифун 2015. Големиот мајстор на ликовната уметност Ристо Соколов Сокол.

Денес престана да чука срцето на еден од најголемите и најпознатите македонски ликовни уметници, големиот ликовен иноватор, маестро на перформансите, учител на младите уметници, големиот кавадарчанец и пријател на убавото во животот.

Неговиот пријател и соработник, Марјан Тодоровски, информираше за трагичната вест.

Ристо Соколов Сокол е роден на 16 април 1957 година, во село Дреново, Кавадарци. Завршува средно уметничко и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живееше и работеше во Кавадарци, Република Македонија, како слободен уметник.

Последната негова изложба насловена како “Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014 – 12 јануари 2015, Музеј Галерија Кавадарци) ќе остане запаметена како најпосетувана изложба во историјата на ликовната уметност во Кавадарци.

Посмртните останки на Ристо Соколов Сокол ќе бидат изложени утре (недела, 15 февруари 2015) од 11 до 12 часот во Градската капела во Кавадарци. Погребот е во 12 часот на Градските гробишта во Кавадарци.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега