Хуманитарна помош за поплавените во Пелагонија
Здружението „Уметност на живеењето“ (Art of living) ги повикува граѓаните да се придружат на нивниот карван и денеска заедно со нив да достават хуманитарна помош во поплавените подрачја во Пелагонија.
Во текот на минатата недела Здружението организираше хуманитарна акција „Биди хуман за Македонија“. Собраната помош од граѓаните и компаниите денеска ќе им биде доставена на жителите на погодените подрачја.
Карванот на Здружението тргнува во 9:30 часот од пред Олимпискиот базен во Скопје.
Оцени ја веста
15.02.2015 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа