Сензационално: Агинагалде, Игропуло и Шмал ќе играат за Вардар Про?

Вардар Про посакува во своите редови да ги има пикерот на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец Хулен Агинагалде, полскиот репрезентативен голман Славомир Шмал и рускиот десен репрезентативен бек Константин Игропуло, пренесува Македонски Спорт.

По влегувањето на Сергеј Самсоненко на функцијата спортски директор во клубот, Вардар тргна во потрага по елитни ракометари. 

Засега, клубот има постигнато договор со Србинот Алем Тоскиќ.

ФОТО: Засе.мк