Анкета: Мнозинството Турци не сакаат реконструкција на паркот во Истанбул
Мнозинство Турци се против проектот за градежни зафати во паркот Гези во Истанбул кој беше повод за протести против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тие го критикуваат и авторитаризмот на извршната власт, се вели во анкета објавена во Тудејс заман.
Вкупно 62,9 отсто од анкетираните сакаат да биде зачуван паркот како зелено пространство кое лежи врз терен на парк на зграда на поранешна османска касарна, во која според проект може да биде и трговски центар и културен центар, се вели во анкетата на институтот Метропол.
Од анкетираните, 49,9 отсто тврдат дека владата станува авторитарна, додека 36 отсто сметаат дека тоа се демократизира, а 14,1 отсто не укажале за свој став.
Анкетата била извршена врз 2818 луѓе во Турција меѓу 3 и 12 јуни.