ЗНМ: Комисијата прво да го разгледа исфрлањето на новинарите од Собранието

 

Здружението на новинарите на Македонија го поздравува формирањето на Анкетната комисија, која меѓудругото треба да ги утврди и фактите за инцидентот со новинарите на 24 декември. Од ЗНМ бараат прво да биде разгледано исфрлањето на новинарите од собраниската галерија затоа што, според ЗНМ, тој инцидент е многу појасен и со ништо не е поврзан со останатите случувања во и околу Собранието.

ЗНМ, како што се наведува во нивното соопштение, верува дека анкетната Комисија ќе го прифати овој предлог што ќе овозможи брзо обновување на дијалогот со Владата, што е барање на ЕК. Со расветлување на инцидентот, се наведува во соопштението, Комисијата ќе придонесе за отворена и инклузивна расправа за Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни услуги.

- Ако биде прифатен овој конструктивен предлог, ЗНМ ќе ги повика новинарите активно да соработуваат и да сведочат пред Анкетната комисија, се вели во соопштението од ЗНМ.

најчитано сега