Хуманоста на дело: Тон вода од Кавадарци за поплавените

Еден тон вода и 25 пакети со храна и средства за лична хигиена обезбедија кавадарчани за семејства кои настрадаа од поплавите во изминатите неколку дена.

- Општинската организација на Црвен крст Кавадарци со возило на јавното претпријатие „Комуналец“ ја испрати собраната хуманитарна помош кај настраданите во општините Прилеп и Кривогаштани, информираше Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Помошта беше собрана со поддршка на локалната самоуправа, невладиниот сектор, Унијата на жени и Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ од овој град, како и компанијата Алијанс Уан.

Помош во пакети со храна добија и 14 семејства од кавадаречко кои претрпеа штети од невремето.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега