Ќе се изненадите - кое е вистинското име на Дино Мерлин?

Сигурно никогаш не би претпоставиле како е неговото вистинско име!

Многу познати личности од практични или други причини често бираат пократки и поинакви имиња од тие што им ги пишува во родниот лист. Така меѓу листата на оние со уметничко име спаѓа и Дино Мерлин.

Неговото вистинско име всушност е Един Дервишхалидовиќ. Пејачот своето уметничко име и презиме ги присвоил од бендот со кој настапувал.

- Нашата група прво се викаше Лорд, но мене тоа не ми се допадна, па одлучивме во една шапка да ставиме ливчиња со што ќе ни падне на ум, па што ќе извлечеме така да се викаме. И тогаш го извлековме Мерлин, сите се сложивме и така групата Мерлин постоеше некои пет, шест години. Бидејќи мене како водич на групата секогаш не викаа Дино Мерлин, подоцна кога се осамостоив беше соодветно да се викам Дино Мерлин, изјави легендарниот пејач.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега