Детали за бомбите пронајдени во училиштето во скопски Аеродром

Бомби денеска се пронајдени во подрумот на основното училиште Блаже Конески во скопски Аеродром. Училиштето е веднаш евакуирано и сите деца се ивадени на безбедно.

Според податоците на МИА, бомбите најдени во подрумските простории во основното училиште „Блаже Конески“ се пластични.

Директорот на училиштето Раде Жегарац за МИА изјави дека расчистувајќи го подрумот на училиштето децата нашле торба со две бомби. 

- Веднаш повикавме полиција и ги евакуиравме децата. Полицијата утврди дека се работи за школски и безопасни бомби, истакна Жегарац.

Тој посочи дека по еден час учениците биле вратени на редовна настава.

Во СВР Скопје во 11 часот и 10 минути добиле дојава за бомба во ОУ „Блаже Коневски“, по што нивни екипи излегле на терен.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега