Заев го “закопа“ Верушевски: Зошто би ја изгубил слободата ако е невин?

Опозицискиот лидер Зоран Заев со своите контрадикторни и непромислени изјави повторно го “закопа“ поранешниот  директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски.

Заев, кој во изминатиот период неколку пати негираше дека се познава со Верушевски,  вчера сам се демантираше и отворено призна дека не само што се познавале, туку и дека соработувал со Верушевски. Заев ја призна и автентичноста на писмото кое се појави во јавноста а кое тој го испратил до Верушевски.

Заев, во интервјуто на 24 Вести изјави дека наводно обезбедувал работна виза за Верушевски за тој да не ја изгуби слободата, во како што нагласува, “вака поклопено општество со целосна спрега меѓу МВР, обвинителство и судство“.

-Работна виза да замине, од ФОН нема земено плата незнам колку месеци, незнаејќи што ќе му се случи нему и неговото семејство, работна виза да му дадат, да може да оди повеќе од три месеци. Верушевски единствено е виновен што ја сакал Македонија. Конечно обезбедив луѓе кои што ќе помогнат благодарение на сестрински партии да дадат работна виза за човек кој што сака да продолжи и да работи, а притоа во вака поклопено општество со целосна спрега меѓу МВР, обвинителство и судство да не ја изгуби слободата, рече Заев.

Првиот човек на опозицијата со ваквата изјава целосно го “закопа“ Верушевски. После ова се поставува прашањето зошто Верушевски би ја изгубил слободата ако навистина е невин? Зошто обвинителството и судството би се интересирале за невин човек? Дали е ова индиректно признание на незаконското делување на првообвинетиот во случајот Пуч? Експертите велат дека токму со оваа и слични на оваа изјави, Заев фактички потврдува дека Верушевски делувал спротивно од законите, бидејки ако не делувал спротивно на законите ниту обвинителството и судот ќе се заинтересирале за него, ниту тој ќе имал потреба да ја напушта државата.

Дополнително, контрадикторностите на Заев одат дотаму што прво тој вели дека мисли дека Верушевски работи во ФОН како професор, односно не знае и наводно не го познава, за понатаму во интервјуто да истакне дека Верушвски веќе неколку месеци немал земено плата од ФОН. Заев прво вели дека не знае дали Верушевски работел во ФОН, а потоа тврди дека од таму немал земено плата неколку месеци и токму поради тоа му помагал за работна виза во странство?!

 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега