Продолжува дијалогот меѓу Владата и универзитетите за подобро високо образование
Продолжува дијалогот меѓу Владата и претставниците на академската заедница за подобрување на пакетот реформи што треба да се спроведат во високото образование.
Министерството за образование и наука денеска соопшти дека во следните неколку дена треба да се официјализираат работните групи што ќе ги предложат двете страни по што се очекува отпочнување на дебатата во која, Сенатот на Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе ги номинира претставниците на академската заедница, професорите и студентите кои ќе учествуваат во целосното заокружување на процесот и реализација на договорот од иницијалната средба.
Предлог - законот со кој се одложува примената на последните измени за една година, односно за дел од нив за две години, беа усвоени вчера на собраниска седница. Предлог законското решение уследи по постигнатиот договор од одржаната иницијална средба на 6 февруари меѓу претставниците на Владата и универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа