Ештрефи бил пресметлив кога го зарил ножот во срцето на матурантот Ангел
Насер Ештрефи, обвинет дека го убил матурантот Ангел Петковски, бил пресметлив кого го сторил кривичното дело. Ова е мислењето на невропсихијатриското вештачење кое, во разговор со обвинетиот, го утврдил вештакот д-р Александар Марцикиќ.
- „Обвинетиот имал јасна слика за настанот и свесно одлучувал што прави. Кај мостот бил пресретнат од жртвата и од таткото, настанала расправија и тепачка која предизвикала чувство на опасност за неговото здравје. Тука се развила нормална реакција на анксиозност поради опасноста со која се соочувал. Реакцијата е борба или бегство, тој можел да избере. Дејствувал свесно и по своја волја", појасни невропсихијатарот д-р Марцикиќ образложувајќи го вештачењето, пренесе Вест.
Според вештакот, пред Обвинителството Ештрефи раскажал дека замавнал со ножот, но не се сеќава кон кого. Од друга страна, пред невропсихијатарот обвинетиот кажал дека додека се бранел од сега убиениот, го видел ножот во неговата рака, го удрил по раката и ножот паднал на земја. Ештрефи во своја одбрана тврдел дека и таткото на Ангел носел палка во рацете.
Психијатарот Марцикиќ рече дека ценењето на вистинитоста на различните искази го остава на Судот.
За потсетување, Ангел Петковски почина на рацете на својот татко, пред Очната болница, по убод од нож во срцето, откако му го украдоа велосипедот во мај минатата година, во скопската населба Ѓорче Петров.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа