Куманово ќе донира 300 илјади денари за поплавените подрачја
Општина Куманово ќе одвои 300 илјади денари за помош на настраданото население од поплавите што ја зафатија Македонија.
- Иницијативата потекна од најголемите политички партии во Куманово, односно коалцијата „За подобра Македонија“, но и од колацијата предводена од СДСМ, изјави Драган Петковски, координатор на советничката група на Коалицијата „За подобра Македонија“.
И од Коалицијата предводена од СДСМ велат дека ваквите одлуки се носат едногласно.
- Сметаме дека со оваа одлука ќе му излеземе во пресрет на населението кое претрпе штети и барем малку ќе ја ублажиме тешката ситуација во која се најдоа овие граѓани, изјави координаторот на советничката група Александар Арсиќ.
По донесената одлука на советниците, градоначалникот на општината ќе ги уплати средствата на посебна сметка на Црвен Крст на Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа