Каква е состојбата на ракометарката Мечевска?

 

Македонската ракометарка на ЖРК Вардар, Робертина Мечевска, по падот од петти кат од нејзиниот стан во скопски Аеродром и понтаму е во критична состојба и дише на апарати.

-Ние ќе се обидеме и веќе правиме напори таа да се излечи, но самото тоа што е на машина за дишење, што не е способна да дише сама поради повредите на белите дробови, ја става во категоријата на мошне критични пациенти“, изјави за порталот „Спортмедиа“  д-р Тања Спировска.

Докторката за порталот додава дека во брзо време не треба да се очекуваат некакви драстични промени.

 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега