Започна приказната на Бла Бла ТВ

 

Од средата 4 февруари, започна со зрачење на позитивна енергија и повеќе од 20 емисии во сопствена продукција- Порталот www.blabla.mk  . На сајтот покрај информативните вести и содржина, веќе почна да врви програмата на првиот интернет портал- телевизија за млади и алтернативни луѓе. Бла Бла Тв ќе ја следи македонската урбана, алтернативна сцена : музичари, актери, режисери, поети,спортисти,  уметници ќе бидат дел од содржината и уредници на програмата и новите емисии на оваа нова современа платформа која има за цел да го обедини младиот и креативен потенцијал на Македонија.

Еве дел од емисииите и термините на нивно емитување :

-         

Понеделник околу 21:21 ДОСИЕ ГАРАЖИ(Документарно-музичка емисија која ги следи алтернативните бендови додека имаат проба) https://www.youtube.com/watch?v=SS31DPJyhbo&feature=youtu.be

-         

Вторник приближно 20:01КАКО ДАсо Виктор Петров- Викса (хумористична -анти хелпер емисија ) https://www.youtube.com/watch?v=TncJNB33FMg

-         

Среда одприлика 19:46 ПРЕСМЕТКА со Иван Николовски(забавно ток шоу) https://www.youtube.com/watch?v=TguS7nXkrpY

-         

Четврток негде накај 19:19 МАКЕДОНШТИНА (емисија за македонскиот нарав, битие и суштина) https://www.youtube.com/watch?v=dgcsgTQ9G3Q

-         

Петок горе- долу 19:19 ДРАЈВ БАЈ со Џака(емисија за музичка култура и ментална гимнастика) https://www.youtube.com/watch?v=2x98X_BKOio

 

Покрај овие емисии во продукција на Бла Бла ТВ ќе има и 11 топ листи, повеќе музички монтажни емисии(СОРАБОТКИ, АРТИСТ НА ДЕНОТ,3*3+ФАКТИ,ХИТ НА ДЕНОТ,ЛЕПЛИВИ ПРСТИ,ОД А ДО Ш, ЗАТОА, ГАЏЕТИ) , емисијата КИНО И ТЕАТАР,  емисијата ПРОМО БУСТАЊЕ-која следи настани и случувања, промоции на книги, албуми, изложби,ПАЗИ ВАМУ – емисија за урбани теми  и многу други.

 

ГЛЕДАЈТЕ УБАВА МАКЕДОНСКА СОДРЖИНА НА www.blabla.mk .

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега