Проверете дали денеска ќе останете без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во електро-системот денеска без електрична енергија во одреден временски период ќе останат некои од наслебите.

Од 08:30 до 10:30 часот, струја ќе немаат корисниците од Кванташкиот Пазар во населба Маџари, од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ферид Заири, ул. Ѓорѓи Томовски и ул. Браќа Реџепагиќ во општина Чаир, од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Чаирска, од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Тодор Чангов, поточно подулиците со бр. 4, 5, 7, 9 и 11 во населба Лисиче. 

Од 10:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од викендиците во село Бањани, општина Чучер-Сандево, од 10:00 до 12:30 часот, корисниците од ул. Дурмиторска и ул. Фуштанска во населбата Ченто, додека од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од ул. Тодор Александров, општина Центар.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега