Најниската температура утринава минус 15 - смрзнувачка во Македонија
Најниски температури во Македонија во седум часот изутрината се измерени во Маврово, - 15 степени целзиусови, -14 во Лазарополе, -12 во Крушево и Берово. Минус девет степени се измерени во Крива Паланка и Претор, - 8 во Битола, - 7 Охрид, Штип и Виница, - 6 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Струмица, Прилеп и Демир Капија, - 5 Скопје- Зајчев Рид и Кавадарци, - 2 Дојран и -1 во Гевгелија.
На Маврови Анови висината на снежната покривка достигна 64 сантиметри, 42 во Лазарополе, 36 во Крушево, а во Пожаране 7 сантиметри.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа