Ми требаат три грама за мене и Тања- нов скандал ја тресе Тања Савиќ
Последниот период Тања Савиќ не може главата да ја крене од маките кои ја снајдоа. По битката со медиумите, дојде до караницата со нејзиниот поранешен соработник Бане Ѓокиќ, кој и ја злоупотреби официјалната фан страница на Фејсбук и објавуваше секакви работи за неа.
Денеска во медиумите се појави нова бомба која сите ги остави вчудоневидени. Српските медиуми дојдоа до преписки помеѓу Душан (сопругот на Тања) и Бане, во кои тој барал итно да му се набават три грама (од нешто) и да се донесат во Јаково, каде Тања пеела.
Според пораките, Савиќ пеела на некоја свадба, на која бил и Душан, кој подоцна му се јавил на Бане и од него барал да дојде во Јаково?
Можеш ли да ми го набавиш тоа? Итно ми е, тука нема никој, сите полудеа, ни треба!
Откако Бане му одговорил дека нема никој за тие работи и да се јави кај тој кај кој обично зема, Душан му предложил на Бане кога ќе стигне во Јаково, да оди со такси со него во еден клуб во Белград, за да го набави тоа што му е потребно, по што веднаш ќе се врати кај Тањa
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа