Сириската армија заедно со Хезболах зазеде реони јужно од Дамаск

 

Сириските владини сили, помогнати од борците на либанското шиитско движење Хезболах презедоа повеќе села јужно од главниот град Дамаск.

Сириската државна телевизија јави дека армијата воспоставила контрола над село Деир Макер и регионите во близина Тал ал Арус и Тал ал Сарџа. Сириски офицер истакна дека во воената операција учествувале и ирански офицери.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека во првите борбени линии биле борците на Хезболах, кои го зазеле градот Деир ал Адас и околните населени места. Во борбите биле убиени над 20 припадници на опозицијата.

Опсерваторијата тврди дека во Сирија има околу 5.000 борци на Хезболах.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега