Помош за семејствата на кои им изгореа становите во Македонска Каменица

 

Градоначалникот на Македонска Каменица Дарко Митевски претпладнево ги посети семејствата чии станови беа зафатени од пожарот што синоќа избувна во станбена зграда на улица „Руенска“.

Митевски и неговите соработници на семејствата им врачија пакети со храна и флаширана вода.

- По укажаната прва помош за настраданите со соодветните општински служби и јавните претпријатија од Општината ќе ја помогнеме и санацијата на опожарените станови. Среќа во несреќата е што нема жртви и повредени, а материјалната штета ќе се надомести, изјави при денешната обиколка на опожарената зграда градоначалникот Митевски.

Со брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица пожарот за кратко време бил локализиран, а станарите биле згрижени и им е укажана неопходната медицинска помош.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега