ЈСП Скопје и „Водовод и канализација“ добија нови директори

Игор Јанушев е нов директор на ЈСП - Скопје, а Александар Атанасов на јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Град Скопје соопшти дека новите директори се избрани на јавниот конкурс што беше објавен во декември минатата година.

Игор Јанушев е роден 1983 година и има завршено на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Повеќе години е вработен во Министерството за транспорт и врски, каде досега бил раководител на Сектор за воздухопловство.

Атанасов е роден 1985 година и има завршено образование на Њујорк колеџот во Солун, на смер „Бизнис администрација и менаџмент“. Има работено во областа на односите со јавноста, а од септември 2010 година до сега ја извршувал функцијата генерален директор на за шински возила Велес.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа