Картите за „Буба Мара“ продадени за само еден час!

Македонија со нетрпение го очекува новото издание на „Златната Бубамара на популарноста“, манифестација која потоа се раскажува и прераскажува долго потоа.

Радио „Бубамара“, засега не открива никакви делови од сценариото, кое секоја година се чува во тајност. Но, од радиото откриваат дека оваа година ќе ни го претстават едно од најнезаборавните изданија кои ќе ни останат во трајно паметење.

Слоганот за оваа година е „Смеете да се смеете“, а како што велат организаторите, доколку ги следните нивните препораки на крајот од вечерта вашите фасцијални мускули ќе бидат со тешко запаление, од смеење и пеење, а целата забава е на нивен грб.

И оваа година, заинтересираноста за „Златната Бубамара“ е голема, а тоа го покажува и самиот факт што билетите од нивното пуштање во продажба биле распродадени за еден час.

Местото на „злосторот“ е добро познато- Универзална сала, на 19-ти февруари, а почетокот е во 20 часот.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега