Над 1.000 пријавени за професионални војници во АРМ

Над 1.000 лица се пријавиле на конкурсот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

Меѓу пријавените има граѓани од повеќе етнички заедници, но и припаднички на понежниот пол.

Министерството за одбрана врши проверка на доставената документација, по што лицата за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите согласно огласот за прием на професионални војници, по претходен план ќе бидат повикувани на психолошки тестирања, општообразовни тестови и здравствени и физички проверки.

Министерството, како што е наведено во соопштението, е задоволно со бројот на пријавени граѓани и очекува по процесот на селекција во служба на АРМ да се вработат најдобрите кандидати. За Министерството и за Армијата најважно е професионалните војници, кои ќе бидат примени да поседуваат високи психофизички способности и морални и етички стандарди и да бидат исклучително мотивирани да и служат на Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 10:59
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега