Го претепале бидејки повикувал на толеранција

 

Францускиот уметник на графити, познат како Комбо, бил претепан од банда насилници затоа што одбил да го отстрани неговиот графит со кој повикува на „единство помеѓу муслиманите, христијаните и евреите“.

Графитот содржи автопортрет во природна големина на авторот, негов потпис и зборот „COEXIST“ (коегзистенција) каде буквата „C“  е заменета со муслиманската полумесечина, буквата „X“ со Давидовата ѕвезда, а буквата „Т“ со крст.

Уметникот штотуку ја завршил работата на графитот, кога четворица момчиња побарале од него да го отстрани. Кога тој тоа го одбил, тие го нападнале. Како последица на нападот Комбо се здобил со скршено рамо и модрици по лицето. 

- Беа лути дека не попуштив, па ме оставија да крварам и избегаа, напиша Комбо на својот профил на Фејсбук.

Тој одби да го открие идентитетот на напаѓачите, затоа што, како што рече, „не сака да долева масло на огнот“.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега