Македонците возат најевтин бензин на Блаканот

 

Македонците возат најевтин бензин на Балканот, пишува весникот Дневник во анализата објавена во најновиот број. По најновото намалување на цените, литар бензин од 95 октани во Македонија се продава за 1,26 евра.  Од соседите најскапо се возат Грците, кај кои еден литар бензин од 95 октани се продава за 1,72 евро. Цената на ова гориво во Србија и во Бугарија е 1,35 евро за литар, а албанските возачи плаќаат по 1,30 евро. Убедливо најскапо гориво во регионот има во Турција, каде што еден литар чини 1,98 евро, а најевтино е во Босна и Херцеговина - 1,23 евро. Бензинот од 95 октани е евтин и на Kосово каде што чини 1,25 евро, а на хрватските бензински пумпи „евросуперот 95“ се продава за 1,35 евро. Црногорците литар гориво ги чини 1,40 евро, а Словенците за истото количество треба да платат 1,49 евро.

најчитано сега