Најлошото помина: Добри вести за ракометарката Мечевска

Македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска која се здоби со тешки  тешки повреди по пад од петтиот спрат од својот стан, синоќа беше оперирана во Ургентниот центар, при што и беше извадена слезината.

Според лекарски извори, ракометарката на ЖРК Вардар по операцијата се наоѓала во стабилна состојба.

- Операцијата заврши, незината состојба е стабилна. Млада е и се надеваме дека се ќе се заврши добро. По ова пациентката ќе биде однесена на одделот за интензивно лекување, изјавија од хируршките клиники.

Од клубот соопштија дека состојбата на Мечевска е сериозна, но изразија уверување дека македонската репрезентативка ќе го надмине овој тежок период и повторно ќе биде дел оа Вардар.

- Луѓето од клубот веднаш по дознавањето на веста беа во болница, и се во тек се што се случува. Робертина е борец, голем човек и спортист, и веруваме дека повторно ќе биде со нас на теренот, соопштија од ЖРК Вардар.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега