ВИДЕО: Супер Марио му донесе победа на Ливерпул

Екипата на Ливерпул со победата од 3:2 над Тотенхем со доближи до водечките екипи. Синоќа на дербито на „Енфилд“ од 25.коло Ливерпул трипати водеше, а победничкиот гол го постигна Марио Балотели во 83.минута што е негов прв гол сезонава во Премиер лигата.

Ливерпул пред победничкиот гол водеше со головите на Лазар Марковиќ (15.минута) и на Стивен Џерард (53-пенал), додека Тотенхем изедначи двапати со головите на Хари Кејн (26) и Муса Дембеле (61).

На другите натпревари одиграни синоќа: Арсенал - Лестер 2:1, Хал - Астон Вила 2:0 и Сандерленд - КПР 0:2.

Вечерва играат: Челзи - Евертон, Манчестер Јунајтед - Барнли, Саутемптон - Вест Хем, Стоук - Манчестер Сити, Кристал Палас - Њукасл и ВБА - Свонси.

Табела:  Челзи 56 бодови, Манчестер Сити 49, Саутемптон 45, Арсенал 45, Манчестер Јунајтед 44, Тотенхем 43, Ливерпул 42,...

 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега