Маврово мрзне, утрово минус 11 - смрзнувачка во Македонија

 

Најниска температура  во 7 часот изутрината во Македонија е измерена во Маврово од -11 степени целзиусови, - 8 Крушево и Лазарополе, -7 Берово, - 6 Кр.Паланка, -5 Охрид, Битола и Претор, -3 Прилеп и Виница, -2 Тетово, Штип и Демир Капија и -1 Кавадарци и Куманово. Во Скопје-Петровец и во Струмица температура од 0 степени, на Зајчев рид во Скопје  и во Дојран 1, а во Гевгелија 2 стапени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

На Маврови Анови има снежна покривка од 66 сантиметри, од 43 во Лазарополе, 37 Крушево, 11 Битола, 8 Пожаране, 3 Тополчани и 1 во Берово.

 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 4 степени.

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега