Корисниците исклучени радовишанецот богат - вработен во „ОНЕ“ си го присвојувал прометот

 

33 годишниот радовишанец Н.К. управител на ТД „МСН“ ДООЕЛ Радовиш и овластен претставник на Телекомуникацискиот оператор „ОНЕ“-Скопје, заработи кривична пријава за сторени кривични дела „проневера во службата“, „измама“ и „фалсификување исправа“. 

Според информациите од полицијата, во периодот од јули 2010 до март 2013 година,  радовишанецот како овластен претставник на „ОНЕ“ со кој имал склучено договор за наплата на сметки, довел во заблуда повеќе граѓани.

Тој им ги наплаќал сметките на граѓаните во готовина, им издавал потврди дека немаат долг кон „ОНЕ“, но, парите си ги ставал во џеб наместо во каса. Ваквите кражби на Н.К. им донеле проблеми на корисниците, односно биле исклучувани  од  услугите бидејќи сеуште се воделе како должници. Потоа, радовишанецот, во компјутерскиот програм на фактурите внесувал фалсификувани жигови од пошта за извршената уплата и ги испраќал до „ОНЕ“-Скопје за да прикаже дека се платени услугите.

-Исто така дел од опремата сопственост на „ОНЕ“ (ресивер за ТВ БООМ, модем за интернет и апарати за фискална телефонија) кои биле давани на реверс, уредно ја раздолжувал од претплатниците со издавање на соодветно барање за раскинување на договорот и потврда за вратена опрема, меѓутоа документацијата не ја проследувал до службите на „ОНЕ“ Телекомуникации. На овој начин, пријавениот причинил материјална штета на „ОНЕ Телекомуникации“ во износ од 220.000 денари, стои во соопштението од МВР.

 

најчитано сега