Карпош со иницијатива за помош на поплавените

 

Советниците на општина Карпош на денешната седница едногласно поднесоа иницијативата за помош на поплавените региони во земјата, при што предложија половина од советничките паушали и дел од општинскиот буџет, да се пренаменат на настраданите во поплавените источни подрачја во Македонија.

- За точниот износ на помош за поплавените советниците на Карпош, како што предложи Владимир Кировски од ЛДП, ќе се одлучува на првата наредна седница, се вели во денешното соопштение од општина Карпош.

Единствената точка на дневниот ред на денешната седница беше Предлог одлуката за измени и дополнување на буџетот на општина Карпош за 2015 година. Во соопштението се додава дека се извршило проширување на буџетот во колоната за донации, во износ од пет милиони денари за довршување на реконструкцијата на детската градинка Пролет, со донирани средства од страна на јапонската влада.

На седницата било направено и пренасочување на средства кои беа наменети за исплаќање на парно греење на основните училишта во Карпош од кредитни во сопствени средства од буџетот на општина Карпош во износ од 20 милиони денари Средствата што се ослободуваат од кредитот ќе бидат потрошени за капитални инвестиции.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега