Проверете дали утре во вашата населба ќе нема струја

Без струја утре од 9 до 11 часот ќе останат корисниците од булеварот „Климент Охридски“ бр. 58б, од 9 до 12 часот  улица 8 во населбата Кисела Јабука, и улицата 49 во село Волково  и од 9 до 15 часот дел од улицата Скупи – стариот пат за Визбегово и улица 1 во село Студеничани.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, без електрична енергија од 8:30 до 14:30 часот ќе останат корисниците од улиците „Ферид Заири“, „Ѓорѓи Томовски“ и „Љубо Стоилковиќ“ и од 12 до 13 часот корисниците од улицата „Мишо Михаиловски“.

Од РЦУК информираат дека утре од 9 часот без вода ќе останат корисниците од прва зона во населбата Припор.

Прекинот е поради отстранување на уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Христо Татарчев“ 22/2 и ќе трае се до негово санирање.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега