Раде Стојановиќ и официјално во Металург
Искусниот лев бек и поранешен репрезентативец Раде Стојановиќ (36 г., 193 см.) е нов член на Металург.
-Доаѓам во специфичен период за Металург и се надевам дека со моето искуство ќе помогнам во реализација на зацртаните планови. Металург има млада и перспективна екипа која сигурно ќе го покаже својот квалитет. Очекувам тешка борба на секој фронт, но и освојување на второто место во првенството на Македонија и учество во завршницата на СЕХА-лигата. Се надевам дека Металург брзо ќе ги надмине моменталните проблеми и дека ќе се врати на местото кое му припаѓа, изјави Стојановиќ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа